Ирак: Продолжува акцијата на американските сили

Околу илјада американски војници продолжуваат со операцијата „Железна рака“ во близина на ирачко-сиријската граница, чија цел се бунтовниците. Како што е соопштено во операцијата, која започна синоќа, се убиени околу десетина бунтовници. Офанзивата доаѓа две недели пред националниот референдум во Ирак, за уставот на земјата. Инаку во јорданскиот град Аман се одржа средба помеѓу јорданскиот и ирачкиот министер за внатрешни работи при што било договорено поголема контрола на границата меѓу двете земји, со цел спречување на движењето на бунтовниците. Воедно министерот за внатрешни работи на Ирак Бајан Џабр, изјави дека нема информации за киднапирањето на неговиот брат, откако повеќето агенции јавија дека синоќа тој бил киднапиран во Багдад.