Келн: Посета на Папата Бенедикт 16

Папата Бенедикт 16 денеска е во прва посета на Германија по неговиот избор за римокатолички поглавар. Тој на религиозниот Светски ден на католичката младина во Келн ќе се сретне со над 400 илјади млади католици. Минатата ноќ дојде до хаос во градот поради мноштвото посетители. За време на 4 дневната посета на неговата родна Германија Папата Бенедикт ќе посети и синагоги а ќе раговара и со муслиманските лидери.