Руската морнарица побарала помош од Јапонија за извлекување на подморницата, која се насука на дното на Пацификот, кај полуостровот Камчатка. 13-метарската руска подморница со 7 членови на екипажот била дел од флотата, која вежбала спасувачки операции. Според еден руски адмирал, подморницата има кислород за 4 дена, но во неа има повеќе екипаж од предвиденото.