Пекинг: Осми ден од шестпартитните разговори за севернокорејската нуклеарна програма

Осми ден од шестпартитните разговорите во Пекинг за завршување на кризата со контроверзната севернокорејска нуклеарна програма. Ова е досега најдолгата рунда од досегашните четири рунди што се одржаа од почетокот на кризата пред три години. Според дипломатски извори, во оваа рунда главно се кршеле копјата за кој да го направи првиот чекор: дали Пјонгјанг првин да се откаже од програмата за да добие помош или обратно.