Судан: Посета на Кондолиза Рајс

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс во рамките на нејзината турнеја по Африка и Блискиот Исток, денеска престојува во Судан. Таа посети еден бегалски камп во областа Дарфур каде што според Обединетите Нации се случила една од најголемите хуманитарни кризи во светот. Арапските милитанти, сојузници на суданската влада се обвинети за убивање и протерување на два милиона луѓе од нивните домови.