Рим: Состојбата на Папата стабилна по вчерашната операција

Папата Јован Павле Втори по синоќешната, како што е соопштено во римската болница Гемили, успешна операција на грлото поради проблеми со дишењето, се одморал, јавуваат агенциите повикувајќи се на болнички извори. Врз Папата Јован Павле Втори била направена таканаречена трахеотомија, односно дупка во грлото за полесно дишење. Осумдесет и четири годишниот Папа во почетокот на месецот десет дена лежеше во истата болница поради проблеми со дишните органи.