Мостар: Откривање спомен плоча на местото каде што загина претседателот Трајковски

По повод годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски денеска ќе биде откриена спомен плоча на местото каде што на двесет и шестти февруари минатата година се урна авионот во кој покрај Трајковски патуваа и осумна негови соработници и членови на екипажот. Претходно во Мостар беше одржана и комеморативна седница на која, меѓу другите, говореше и премиерот Владо Бучковски кој ја предводи македонската делегација во Босна. Централното одбележување на годишнината од смртта на Борис Трајковски ќе се одржи утре на скопските гробишта Бутел.