Белград: Продолжува содењето на обвинетите за убиството на Ѓинѓиќ

Во Белград продолжува судењето на обвинетите за убиството на премиерот Зоран Џинџиќ, а пред судот денеска за прв пат треба да се појави обвинетиот Дејан Миленковиќ-Багзи. Тој е обвинет за обид за убиство на Џинџиќ во февруари 2003-тата, како и за учество во агентатот врз него, што се случи на 12 март истата година. Миленковиќ беше уапсен минатата година во Грција, а на српските власти им беше испорачан на почетокот од месецов.