Скопје: Вечерва скопска премиера на филмот Балканкан

По синоќешната премиера во Битола, филмот Балканкан на македонскиот режисер Дарко Митревски, вечер ќе биде премиерно прикажан во скопското кино "Милениум", а потоа тој ќе биде на редовен репертоар, со пет проекции на ден. По прикажувањето во Македонија, филмот ќе оди на Берлинскиот филмски маркет, од 10-ти до 20 февруари, каде што ќе има проекции за дистрибутерите, телевизиските куќи, киноприкажувачите и за дистрибутерите на ДВД изданија. Дистрибутер за Македонија е продуцентската куќа "Партизанс".