Кувајт: Еден милитант загинал во престрелка

Еден милитант загинал, а тројца други осомничени за тероризам се уапсени во денешната престрелка во Кувајтскиот град Салмија. Агенциите јавуваат, дека престрелката се случила во рамки на рацијата на припадниците на специјалните сили за пронаоѓање на засолништата на милитантите и апсење на терористите кои се кријат во градот. Во акцијата загинал и еден кувајтски полицаец, како и еден цивил.