Алберта: Втор случај на кравјо лудило во Канада

Канада го потврди и вториот случај на така-наречено кравјо лудило. Според канадската агенција за инспекција на храната, случајот е евидентиран во провинцијата Алберта. Соединетите Држави уште во мај 2003-та ставија ембарго за увоз на говедско месо од Канада, кое во минатата недела беше продолжено.