Западен Брег: Убиени тројца палестински активисти

Тројца палестински активисти биле убиени при денешниот упад на изралските сили во бегалскиот камп Тулкарем, на Западниот Брег. Загинатите, како што јавуваат агенциите, биле припадници на Ал Акса бригадите, вооружена група поврзана со Фатах. Според палестински извори, тие биле убиени при престрелка со израелците.