Техеран: Иран никогаш нема да се откаже од активностите за збогатување на ураниум

Шефот на иранската нуклеарна програма Хосан Рохани на денешната прес конференција во Техеран изјави дека неговата земја никогаш нема целосно да се откаже од активностите за збогатување на ураниумот. Иран само привремено ги замрзна тие активности, изјави тој, само еден ден откако Меѓународната агенција за атомска енергија побара од Техеран да ја прекине програмата која може да доведе до развој на нуклеарно оружје.