Виена: Продолжува расправата за иранската нуклеарна програма

Меѓународната агенција за атомска енергија денеска во Виена го продолжува прегледот врз иранската нуклеарна програма. Агенцијата исто така денеска треба да ја критикува Јужна Кореја поради неуспехот да извести за своите нуклеарни активности. Имено оваа држава призна дека нејзини научници во 1982 произвеле мали количества плутониум, а во 2000 тата и збогатен ураниум без притоа да биде извесетена Меѓународната агенција за атомска енргија. Јужна Кореја соопшти дека нема намера да направи нуклеарна бомба и дека работата е преземена без владино одобрување.