Хаг: Посета на шефот на турската дипломатија Абдула Ѓул

Шефот на турската дипломатија Абдула Ѓул денеска во Хаг ќе разговара со претставници на сегашното и на идното претседателство на Европската Унија за напорите на неговата земја за влез во Унијата. Холандија и Луксембург всушност го подготвуваат идниот евро самит на седумнаесетти идниот месец на кој лидерите треба да донесат одлука дали да ги започнат преговорите со Турција за нејзино зачленување во Унијата.