Британскиот премиер Тони Блер ги повика Соединетите Американски Држави и Европа да ги надминат разликите околу Ирак и оти двете страни треба да се фокусираат врз глобалните предизвици, како што е конфликот меѓу палестинците и израелците. Блер во говорот во Лондон побара од Соединетите Држави да го вклучат остатокот од светот во анти-терористичката кампања. Инаку, францускиот претседател Жак Ширак во денешното интервју во Тајмс оцени дека Британија не добила ништо од подршката на Соединетите Држави за инвазијата врз Ирак.