Кабул: 15 против кандидати на Карзаи ги бојкотираат изборите во Авганистан

15 против кандидати на авганистанскиот претседател на заминување Хамид Карзаи денеска на денот на изборите одлучија да ги бојкотираат бидејки сметаат дека изборниот процес не е легитимен, пренесуваат агенциите. Од вкупно 18 кандидати на првите претседателски избори во историјата на Авганистан , три години по падот на талибанскиот режим , 15 се одлучија на бојкот. Заедничкото соопштеније уследи по состанокот одржан куќата на Абдула Сатара Сират, еден од претседаѕтелските кандидати и поранешен помошник на авганистанскиот крал. Денешните избори не се легитимни, и тие треба да бидат прекинати, а ако не ние нема да ги признаеме резултатите, изјави Сират.