Координирана акција на триесетина партии и здруженија

Координативното тело што ќе спроведува активности за одржување на претстојниот референдум утре че одржи конституитивна седница, по што ќе биде прецизирана динамиката на активностите и избран претседател на ова тело, откако пратеникот Трифун Костовски од Граѓанското здружение за Македонија ја одби понудата да биде прв човек и да ги координира активностите на оние кои ја поддржуваат оваа иницијатива. И покрасј несогласувањата, како што најавуваат од Светскиот македонски конгрес, иницијатор на референдумот, во ова тело ќе учествуваат околу триесетина политички партии, граѓански здруженија и слично. За активностите во врска со референдумот, Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес вели:

„Сите заедно ќе номинираме набљудувачи по основ на право на акредитација. Преку Светскиот македонски конгрес ќе акредитираме околу 10.000 набљудувачи на сите гласачки места и се надеваме дека ќе воспоставиме своевидна контрола за набљудување на процесот на гласањето. Ќе имаме заеднички пропаганден материјал – еден спот, еден плакат, еден гфлаер; заедничка програма за едукација на граѓаните со цел масовен одѕив на денот на одржувањето на референдумот, што ќе посети околу 500 илјади домаќинства на територијата на Република Македонија“

Од ВМРО-народна партија посочуваат дека тие ќе спроведуваат и активности кои ќе бидат насочени само кон членовите и симпатизерите на партијата:

„И покрај тоа што ние ќе учествуваме во работата на Координативното тело како соорганизатори, сепак, дел од нашата кампања ќе ја водиме и независно, со единствена цел да ги анимираме нашите членови, симпатизери и поддржувачи“

изјави Јован Андоновски, генерален секретар на оваа партија. Претставници на ВМРО-ДПМНЕ, пак, најавуваат, како што велат, агресивна кампања со цел да се привлечат што е можно повеќе граѓани да излезат на гласање на денот на одржувањето на референдумот:

„Кампањата ќе биде поагресивна,. Колку што се приближува и денот на референдумското изјаснување“.