Багдад: Демантирано дека Садр е ранет

Ирачката влада ја негираше изјавата на портпаролот на Муктада ал Садр дека ирачкиот радикален шиитски свештеник е ранет за време на борбите со американските сили во Наџаф. Во офанзивата американските сили во Наџаф влегоа и ја претресоа и куќата на Моктада ал Садр. Садр ги повика своите следбеници да го продолжат отпорот и доколку тој биде фатен. Американските и ирачките сили го опколија и главното упориште на милитантите кои земале заложници. Ал Садр, според ирачката влада се наоѓал во Имам Али џамијата и со него се преговарало.