Американскиот државен секретар Колин Пауел го обвини Иран дека не се откажал од намерата да развие нуклеарно оружје. Пауел во интервјуто за американската телевизија Пи Би Ес, изјави дека Вашингтон е во постојан контакт со Москва во врска со нуклеарната програма на Иран. „Руската страна дејствува одговорно. САД сметаат дека Русија целосно го сфаќа проблемот и нема да му помогне на Иран да развие нуклеарно оружје“, истакна Колин Пауел.