Багдад: Најмалку 10 загинати во експлозија на автомобил бомба

Најмалку 10 лица загинаа, а 40 се ранети во експлозија на автомобил - бомба пред главниот влез на штабот на американските сили и времената ирачка влада во таканаречената зелена зона во Багдад. Ирачкиот премиер Ијад Алави, прецизира дека тројца од загинатите се членови на ирачката национална гарда, а другите се цивили. Според нашиот дописник, силината на експлозијата се почуствувавала на два километри одалеченост од местото.