Виена: Почина претседателот на Австрија Томас Клестил

Претседателот на Австрија Томас Клестил почина синоќа во виенската болница, само два дена пред истекувањето на неговиот мандат, откако во понеделникот доживеа тежок срцев удар. Австрија останува без претседател само еден ден, бидејки за утре е закажана инаугурацијата на ново-избраниот претседател Хајнц Фишер.