Виена: Меѓународната агенција за атомска енергија го критикува Иран

Советот на гувернерите на Меѓународната агенција за атомска енергија денеска во Виена ја усвои резолуцијата со која се критикува Иран за недоволна соработка со оваа агенција. Резолуцијата ја поднесоа Франција, Германија и Британија и во неа не е содржано американското барање за воведување санкции против Иран доколку во определен рок не ја подобри соработката во инспекцијата на нејзините нуклеарни активности.