Европа: Пораз на владеачките партии низ Европа на изборите за евро парламентот

Повеќето владејачки партии во земјите членки на Европската Унија се поразени на првите избори за Европскиот парламент по проширувањето на Европската Унија. Освен тоа, овие избори беа обележани и со рекордно мал одѕив на избирачите, нешто помалку од четириесет и пет насто. Според аналитичарите, гласачите на ваков начин ги казниле владите кои ја поддржуваат војната во Ирак и кои спроведуваат тешки економски реформи. Тоа особено е изразено во новите десет членки на Унијата. Владејачките партии победија само во Шпанија, Грција и Словачка.