Лондон: Амнести Интернешнл ги обвини САД

Амнести Интернешнл денеска ги обвини Соединитетите Држави за, како што вели оваа организација за човекови права со седиште во Лондон, недостиг на принципи и за несупешна визија во војната против тероризмот. Во извештајот се наведува дека со едностраното покренување на инвазијата врз Ирак, Соединетите Држави ги парализираа Обединетите Нации. Исто така се додава дека администрацијата на претседателот Џорџ Буш, во името на слободата, дозволила ширење на кршењето на човековите права во светот.