Вашингтон: Денеска сведочење на Буш и Чејни

Денеска пред независната истражна комисија за нападите врз Соединетите Држави на 11 септември ќе сведочат Американскиот претседател Џорџ Буш и потпретседателот Дик Чејни. Сведочењето нема да биде отворено и изјавите нема да се снимаат. Џорџ Буш изјави дека се радува на престојната дискусија за нивните активности и настаните пред нападите на Ал Каеда и оти тоа ќе биде од помош за другите претседатели за да се изборат со терористичките закани врз земјата.