Скопје: Гзим Острени и официјално претседателски кандидат на ДУИ

Генералниот секретар на Демократската унија за интеграција Гзим Острени е кандидат за претседател на Република Македонија на претстојните претседателски избори. Името на кандидатот на ДУИ го соопшти лидерот на оваа партија Али Ахмети на денешната седница во седиштето на Демократската унија за интеграција, на која присуствуваше и делегација на Партијата за демократски просперитет, предводена од нејзиниот претседател Абдулменаф Беџети, кој го повтори ставот на неговата партија за поддршка на кандидатот на ДУИ за претседател на државата.