Вашингтон: Иран одбива да ја прими хуманитарната делагација од САД

Американскиот Стејт Департмент соопшти дека Иран засега одбива да ја прими американската хуманитарна делегација која треба да донесе помош за настраданите во неодамнешниот земјотрес. Портпаролот на Стејт Департментот Адам Ерели изјави дека Вашингтон не смета оти иранското одбивање има политичка заднина, туку дека е последица на моменталната ситуација во разурнатиот град Бам. Во земјотресот загинаа најмалку триесет илјади луѓе, додека десетици илјадници други останаа без покрив над главата. Обединетите Нации во идната недела треба да испратат тим кој ќе ги испита потребите за помош во наредниве три месеци.