Софија: Ден на жалост во Бугарија за загинувањето на војниците во Ирак

Во Бугарија денеска е ден на жалост за загинувањето на петмината бугарски војници во Ирак во минатата сабота во градот Карбала. Бугарскиот претседател Георги Прванов изјави дека и покрај оваа загуба, неговата земја ќе продолжи со подршката на сојузничките сили во Ирак.