Каиро: Палестинските власти сакаат мир со Израел

Палестинската автономна власт сака да склучи примирје со Израел, изјави палестинскиот премиер Ахмед Кореи, по денешната средба во Каиро со египетскиот претседател Хосни Мубарак. „Согласни сме на примирје, но од Израел бараме да се ангажира во спречувањето на секаков вид напади врз палестинскиот народ и палестинските територии", рече Кореи.