Двајца израелци биле убиени при нападот на палестински милитанти во близина на градот Витлеем на Западниот Брег, јави израелското радио, додавајки дека е во тек потрагата по напаѓачите. Израелските сили започнале операции и во градот Рафа во ПОјасот Газа при што најмалку 8 луѓе биле ранети. До инцидентите доаѓа откако вчера израелскиот премиер Ариел Шарон изјави дека во наредните неколку дена ќе разговара со палестинскиот премиер Ахмед Куреи за обновување на мировниот план.