Околу пет илјади чешки полицајци синоќа извршиле упади во четиристотини бордели во најголемата акција против трговијата со луѓе во оваа централно европска земја. Министерот за внатрешни работи Станислав Грос изјави дека акцијата била одговор на критиките на домашната и странската јавност дека полицијата не прави ништо во борбата против овој вид криминал. Многу жени од Украина, Русија, Бугарија и Романија илегално работат во чешката секс индустрија. Грос додаде дека жените кои биле уапсени за време на рацијата, доколку соработуваат со полицијата, ќе добијат дозвола за престој во Чешка.