Белград: Интервју на српскиот премиер за „Вечерње новости“

Српскиот премиер Зоран Живковиќ во интервју за денешниот број на весникот Вечерни новости по повод три години од падот на режимот на Милошевиќ вели дека владата во изминатите години направила 95 проценти од тоа што можело да се направи, но укажува дека има уште многу работа. Како најголем плус на новата власт Живковиќ ја гледа слободата гараганите да кажат што сакаат, да направат нешто што е вообичаено за даден момент и притоа да не се плашат од последици.