Вашингтон: Во Ирак не е пронајдено оружје за масовно уништување

Во Ирак не е пронајдено оружје за масовно уништување, но постојат докази дека Багдад имал намера да го произведува. Ова го изјави Дејвид Кеј шеф на американските инспектори за оружје кои неколку месеци истражуваа во Ирак. Говорејќи на вчерашната прес конференција по затворениот состанок во Конгресот, Дејвид Кеј додаде дека неговиот тим досега не пронашол докази со кои би се потврдиле предвоените извештаи дека ирачката војска била подготвена да употреби хемиско оружје против американските сили. Според Кеј, сепак било прерано да се извелкуваат конечни заклучоци, бидејќи инспекторите имаат уште многу работа во Ирак.