Москва: Русија не решила дали ќе го ратификува договорот од Кјото за глобалното затоплување

Русија се уште не решила дали ќе го ратификува договорот од Кјото за глобалното затоплување, изјави претседателот Владимир Путин на почетокот на меѓународната конференција за климатските промени во Москва. На конференцијата учествуваат експерти од 80 земји од светот кои треба да дискутираат за начините за спречување на глобалното затоплување.