Кемп Дејвид: Самит Буш - Путин

Американскиот претседател Џорџ Буш и претседателот на Русија Владимир Путин одржуваат самит во Кемп Дејвид. Според Белата Куќа, главни теми се меѓународниот тероризам, оружјето за масовно уништување, Блиско-источната криза и реконструкцијата на Ирак. Како што е најавено, Буш ќе побара подршка од Путин за нова резолуција на Обединетите Нации во врска со обновата на Ирак, како и прекинување на руската помош на Иран за изградба на нуклеарна централа. Вашингтон смета дека Иран настојува да развие нуклеарно оружје. Путин вчера ја посети берзата во Њујорк.