Фалуџа: Судири на американските војници со жители на село близу до Фалуџа

Американските сили подржани од авијацијата се судриле вчера со жителите на едно село во близина на Фалуџа возвраќајки на напад при што еден ирачанец загинал. Претходно од локалната болница беше соопштено дека загинале тројца ирачани, а дека тројца се сериозно ранети во американскиот воздушен напад. Во Фалуџа инаку демонстрирале околу 250 ирачани носејки портрети на бившиот ирачки лидер Садам Хусеин со барања тој да се врати на власт.