Тирана: Денеска ќе биде потпишана изјава за интензивирање на соработката

Министрите за одбрана на Македонија, Албанија и Хрватска денеска во Тирана ќе потпишат изјава за интензивирање на регионалната соработка во одбраната. Во изјавата на министрите на трите членки на Јадранската група ќе биде потенцирана важноста на улогата на Соединетите Држави во остварувањето на заедничката цел на овие држави за целосна интеграција во НАТО. Најавена е и билатерална средба на министерот Владо Бучковски со неговиот албански колега Пандели Мајко. На неа се очекува да стане збор за иницијативата на Мајко за испраќање албански војници во состав на мисијата Конкордија што властите во Скопје официјално ја отфрлија.