Рим: Продолжуваат разговорите на шефовите на дипломатиите на ЕУ

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија денеска во Италија ги продолжуваат разговорите посветени на новиот Устав, како и на ситуацијата во Ирак и на Блискиот Исток. Во фокусот е американскиот предлог за нова резолуција на Обединетите Нации во врска со мулти-националните сили во Ирак, како и можноста за изолација на палестинската милитантна организација Хамас.