Пекинг: Завршија преговорите за севернокорејската нуклеарна програма

Претставниците на Северна Кореја, Јапонија, Русија, Кина, Соединетите држави и Јужна Кореја ги завршија преговорите во Пекинг за северно-корејската нуклеарна програма со договор повторно да се состанат во наредните два месеца. Кинеската влада соопшти дека разговорите биле отворени, а северно-корејската новинска агенција јави дека Соединетите Држави ги довеле во прашање натамошните преговори, одбивајки да ја сменат својата позиција, според која Пјонг Јанг треба веднаш да ја прекине нуклеарната програма.