Берлин: Германија и натаму во рецесија

Според резултатите и од вториот квартал, најголемата европска економија – германската и натаму е во рецесија. Германија влегува во третата година со речиси нула економски растеж и 10 проценти невработеност. Канцеларот Герхард Шредер претходно предложи ограничени реформи на системот на бенефиции и работничка заштита, како и кратење на даноците.