Приштина: Експлозија на рачна бомба

Синоќа под два автомобила на УНМИК во Приштина експлодираше рачна бомба, соопшти претставник на меѓународната полиција на Косово. Во експлозијата немало повредени. Синоќа експлозии на бомби, според УНМИК, имало и во Подуево и во едно село во близина на Урошевац при што била напаравена материјална штета.