Њујорк: Анан ја поздрави одлуката на Буш за испраќање војници во близина на Либерија

Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан ја поздрави одлуката на претседателот Џорџ Буш да испрати американски војници во близина на брегот на завојуваната Либерија, како поддршка на западноафриканските мировни сили. Анан ги повика и еропските земји да преземат сличен чекор со цел што поскоро да биде прекинато крвопролевањето во Либерија.