Вашингтон: Се помалку Американци веруваат дека американската војска постигнала успех во Ирак

Во денеска објавените резултатите од истражувањето на јавното мислење што го спроведоа магазинот Тајм и Си-Ен-Ен се помалку американци веруваат дека американската војска постигнала успех во Ирак. Во однос на пеесет и два насто во март, сега триесет и девет проценти од испитаниците сметаат дека таа воена акција била успех. Пеесет и два насто оценува дека претседателот Џорџ Буш не води добра економска политика. Сепак, две третини од американците очекуваат Буш повторно да биде избран за претседател во ноември идната година.