Ерусалим: Состанок Шарон – Абас на почетокот на следната недела

Премиерите на Израел и на палестинците Ариел Шарон и Махмуд Абас ќе се состанат во почетокот на наредната недела, пред заминувањето на Абас за Вашингтон. Израелски претставник соопшти дека претходниот состанок меѓу Шарон и Абас бил откажан поради кризата што ја предизвикал Јасер Арафат.