Хаг: Отфрлени барањата за истрага против САД за интервенцијата во Ирак

Главниот обвинител на меѓународниот кривичен суд Луис Морено Окампо соопшти дека судот ги отфрлил барањата за истрага против Соединетите Држави за интервенцијата во Ирак бидејќи ниту Вашингтон ниту Багдад не се пописници на статутот од Рим со кои судот е основан. Меѓународниот кривичен суд сеуште не покренал официјална истрага, но собира податоци за сторени злосторства во Демократската Република Конго. За помалку од една година во една провинција во конго загинале повеќе од 5 илјади луѓе, што укажува рече Окампо, на можен геноцид.