Париз: Се прославува Денот на Бастиља

Во Франција денеска се прославува Денот на Бастиља со кој се одбележува почетокот на Француската револуција во 1789 година. Големата воена парада во Париз се одржува под засилени мерки за безбедност со цел да се избегнат инцидентите како минатогодишниот кога за време на парадата беше спречен обид за атентат врз францускиот претседател Жак Ширак.