Претседателот на Либерија Чарлс Тејлор ја прифати понудата за привремен азил во Нигерија. Како услов за напуштање на функцијата што од него го бараат бунтовниците но и меѓународната заедница, Тејлор, кој е обвинет за воени злосторства побара пред неговото заминување да биде извршен легален трансфер на власта.