Израел денеска на Палестинците им ја предаде контролата врз поголемиот дел од автопатот во Појасот Газа, како дел од мировниот план, а палестинците ветија дека ќе ги спречат нападите против израелците. Белата Куќа оцени дека примирјето што го објавија палестинските организации Фатах, Хамас и исламски Џихад е чекор во добар правец за мир на Блискиот Исток, но оти останува потребата да се расформираат терористичките структури.