Газа: Израелските сили убиле тројца припадници на Хамас

Израелските сили изутрината во едно село јужно од Газа убиле тројца припадници на Хамас. Палестинскиот лидер Јасер Арафат вчера соопшти дека Хамас, Џихад и другите милитантни групи најавиле примирје, кое треба да биде потпишано во наредните денови.